Сега е важно сите да носиме маски, да држиме дистанца и редовно да дезинфицираме, порача преку својот Фејсбук профил лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој вели дека само на овој начин со одговорно и доследно почитување на мерките за справување со коронавирусот, ќе го совладаме невидливиот непријател.
-Ако тоа не го сториме, ни претстои долга и тешка борба со вирусот и закана по нашето здравје, нашата економија, нашето секојдневние. Само од нас и од никој друг зависи каков ќе биде исходот од оваа битка, пишува Заев.