Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес-конференција истакна дека со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес разговарале и се договориле за избори на 15 јули.

-Бараа средина на јули – еве им средина на јули. 15 јули, среда, неработен ден за сите граѓани, ден за гласање, ден за одлуки и за спас на државата од кризата во која влеговме.Праќам порака до Мицкоски – одговорноста пред сопствениот народ е големо дело.Никој политичар не смее да помисли да си игра со сопствениот народ.Доволни беа лошите изненадувања што ВМРО-ДПМНЕ им ги приредуваше на македонските граѓани.Време е да погледнат надвор, да се одважат и ова решение да го потврдат пред народот.Ова е за спас на државата. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се повикани да одговорат и да влезат во демократскиот процес заедно со сите други политички чинители во земјава, изјави Заев.
Одговарајќи на новинарско прашање дели ќе поднесе оставка доколку изгуби на овие избори Заев истакна дека СДСМ ќе биде победникот.
-СДСМ ќе победи на овие избори тоа го покажува опозицијата со нивното однесување, нашето очекување и истражувањата, ние ја кренавме економијата и заслужуваме да добиеме полн мандат, изјави Заев.