Најмал број на смртни случаи од КОВИД-19 во Италија од 2 март

од Vladimir Zorba

Италија денес пријави уште 26 жртви на коронавирусот, што е најмало дневно зголемување на бројот на загинати од 2 март, објави Агенцијата за цивилна заштита.

Исто така, тоа претставува значителен пад на бројот на загинати во однос на неделата, кога се регистрирани 44 смртни случаи, пренесува Ројтерс.

Италија, исто така, забележа благ пад на бројот на заразени, од 338 во неделата, до денешните 303.

Досега починале вкупно 34.371 лица, пренесува агенцијата. Италија е на четвртото место во светот по бројот на жртви, по САД, Велика Британија и Бразил.

Слични содржини