Експлозија на границата меѓу двете Кореи: Пјонгјанг ја уништи канцеларијата за врски

од Nikola Popovski
187 прегледи

Северна Кореја ја уништила канцеларијата за врски со Јужна Кореја во пограничниот град Кесонг, соопштиле јужнокорејските власти.

Според АФП, се слушнало експлозија, а од местото на настанот може да се види чад.

Експлозијата се случила само неколку часа откако била објавено дека Северна Кореја објави дека ќе испрати трупи во демилитаризираната зона.

Во текот на викендот, Ким Јо-Џонг, сестра на водачот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, изјавила дека наредила армијата да биде подготвена за таков чекор.

Тензиите меѓу двете страни се зголемија во последните недели, а Пјонгјанг остро го критикуваше Сеул поради активистите и оние кои избегаа од Северна Кореја, како фрлаат летоци преку границата, повикувајќи на отпор против режимот на севернокорејскиот лидер.