Британски експерти: Декстаметазонот е првиот лек против коронавирусот, евтин e и достапен за сите

од Nikola Popovski
539 прегледи

Евтиниот и широко достапен лек Дексаметазон може да помогне да се спасат животите на пациентите кои имаат потешка клиничка форма на Ковид-19, пишува „Би-Би-Си“.

Британските експерти сметаат дека третманот со ниски дози на стероиди е клучен чекор во борбата против смртоносниот вирус.

Споменатиот лек го намалил ризикот од смрт кај пациентите на респиратор за третина. За оние кои биле на кислородна поддршка, смртноста е намалена за една петтина.

Заедно со многу други постојни лекови, Дексаметазон е дел од најголемото светско експериментално испитување за да се види која терапија најдобро лечи од Ковид-19.

Научниците проценуваат дека 5.000 животи би можеле да се спасат само во Велика Британија, ако лекот се користел од самиот почеток.

Со оглед на тоа што станува збор за ефтин лек, тоа ќе биде од голема корист и за посиромашните земји кои се борат со пандемијатА на коронавирус.