Растат тензиите во Будва по апсењето на градоначалникот: Граѓаните се собираат пред зградите на полицијата и општината (видео)

од Nikola Popovski
206 прегледи

Група граѓани, незадоволни од апсењето на лидерите на општината Будва, дошле пред полициската станица и протестирале.

Граѓаните на Будва не можат да се помират со апсењето на градоначалникот на градот и претседателот на Советот на општината, кои биле сменети според српските медиуми, на „герила“ седница што се одржала во хотел, организирана од Демократската партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ и неколку други партии.

Таа седница се одржлаа пред неколку дена, откако општинските лидери не дозволиле советниците од опозицијата да влезат во зградата на Општинското собрание на Будва и таму да одржат седница и да ја спроведат својата намера. Утрово полицијата влезе во општинската зграда и со употреба на сила започнаla да ги вади советниците, а уапсен е поранешниот градоначалник Марко „Бата“ Царевиќ и претседателот на општинското собрание Крсто Радовиќ, како и 6 други лица кои ја опструираle полициската акција. Полицијата исто така користела солзавец.

Незадоволните граѓани потоа се собрале пред зградата на полицијата, а една жена застаналa пред кордонот на полицијата и изјавила :„Од сите крадци што треба да ги уапсите, вие го најдовте најчесниот човек!“