Новите случаи на коронавирус во главниот град на Кина се увезени, изјави за „CGTN“, главниот епидемиолог на кинескиот Центар за контрола и превенција на болести, Ву Кунџу.
Според „China Radio International“, 137 нови случаи на коронавирус биле пријавени во Пекинг од 11 до 16 јуни, а повеќето од нив се поврзани со пазарот на големо Синфади во областа Фенгтаи.
Во интервју за „CGTN“, Ву Кунџу изјвил дека е јасно дека видот на вирусот во Пекинг е всушност главната форма на коронавирусот во европските земји. Поради тоа, вели Ву, вирусот очигледно пристигнал во Кина и Пекинг од странство.
„Веројатно е дека тој дојде од САД или Русија“, изјавил Ву.
Европскиот вид на коронавирусот е распространет во многу други земји, но не и во Кина, додал тој.