Како светските медиуми известуваа за сликите на Борисов: „Противниците на премиерот сакаат да ја блокираат Бугарија од влез во Еврозоната“

од Nikola Popovski
582 прегледи

Бугарскиот премиер Бојко Борисов ги обвини своите политички противници дека се обидуваат да ја поткопаат неговата влада со цел да ја блокираат Бугарија на нејзиниот пат кон Еврозоната, јавуваат странските медиуми.

„МИА“ коментира дека реакциите во Бугарија не стивнуваат по фотографиите објавени од резиденцијата во која живее премиерот, од кои едната покажува дека спие полугол.

„Членовите на партијата на Борисов изразија одвратност од дело, а оние од страната на Радев се прашуваат зошто некој тајно би го снимал бугарскиот премиер додека спие“, се вели во соопштението на агенцијата.

Медиумите посветуваат особено внимание на фактот дека, до неговиот кревет, во фиоката имало пиштол. Забележани се и банкноти од 500 евра и неколку златни прачки кои се чини дека се од истата спална соба.

„Евроактив“ потсетува дека пред една недела анонимен испраќач им обезбедил на медиумите снимка во која глас сличен на Борисов  зборува со друг политичар, признавајќи малтретирање на една компанија и исмевал на премиерите на некои земји од ЕУ. Во објавата било нагласено дека снимката е веројатно направена во април 2018 година.

Борисов не ја оспорил автентичноста на фотографијата на која спие во државната резиденција, но сè друго е продукција организирана од неговите политички противници.

Во коментар, Ројтерс објави дека Бугарија, една од најсиромашните земји во Европската унија, се надева дека ќе се приклучи кон еврозоната во јули.

Настанот се совпадна со официјалното заминување од ГЕРБ на Цветан Цветанов, кој изјавил дека оваа политичка сила станала центар на „страв, интрига и медиокритет“, пишува „Евроактив“.

Борисов чувствува притисок и од двајца олигарси со кои е во судир и кои се кријат од правдата во странство – поранешниот банкар Цветан Василев во Србија и поранешниот „крал на лотаријата“ Васил Божков во Обединетите Арапски Емирати. Божков скоро постојано објавуваше обвиненија за корупција на Борисов на својот Фејсбук профил.

Премиерот рече дека нападите врз него биле инспирирани од странски земји, навестувајќи дека Русија има корист. Причината за овие напади е што „геополитички“ одлуки треба да се донесат во јули, а тоа ги натерало неговите противници да бидат нервозни.

Ројтерс потенцира дека и покрај бесот на јавноста поради ендемичната корупција во земјата, популарноста на Борисов расте во услови на пандемија на коронавирус. Бугарија објави релативно ниска смртност од Ковид-19 и двете неодамнешни анкети покажале дека неговата партија се уште има предност пред нејзините ривали.