Кога група тинејџери се шетале по брегот на Сиетл, нашле на куфер, меѓутоа, не можеа ни да сонуваат дека внатре се наоѓаат посмртни останки, по што повикале полиција.
Одвратното откритие е снимено и на платформата TikTok.

Полицијата во Сиетл соопшти дека е пронајден куфер кој содржи човечки остатоци.
„Нешто трауматично се случи што ми го промени животот“, напиша корисникот Уг Хенери со објавеното видео.
„Најдовме црн куфер. Се шегувавме дека може да има пари во тоа … Но, мирисот преовладуваше”, се вели во описот.
Во видеото потоа се гледа дека една девојка се јавила во полиција откако го отворила куферот.
Полицијата потврдила дека на плажа пронашла сомнителна торба и дека е пронајдена уште една недалеку од тоа место. Тинејџерите дури во вестите дознаа што е навистина во куферот.
Истрагата е во тек.