629
Според Џихан Тавила, претставникот на Светската здравствена организација во Македонија тврдењето дека земјава има најголема смртност во регионот како последица на КОВИД 19 не е точнo, бидејќи Македонија е меѓу земјите кои е најтранспарентна во споделување на бројките и статистиките.
„Северна Македонија е меѓу земјите која е најтранспарентна во споделување на бројките и статистиките. Изјавата дека земјава има најголема стапка на смртност во регионот, навистина не е точна изјава. Таа е една од ретките земји која прави и посмртен тест, па според тоа потребно е да се биде внимателен кога се прават споредбите меѓу земјите“, изјави шефицата на Канцеларијата на Светската здравствена организација во земјава, вели Тавила во интервујто за Телма.