Главниот германски виролог тврди: Имаме нов бран на корона, за 2 месеца ќе имаме проблеми

од Aleksandar Petrovski
157 прегледи

Главниот германски виролог Кристијан Дростен предупреди дека за два месеци ќе се појави нов проблем со вирусот корона во Германија ако сега „не се вклучат сите сензори на алармот“.

Дростен стравува дека, по избувнувањето на жаришта во Северна Рајна-Вестфалија, ќе има незабележано ширење на вирусот.

Спречувањето на ширењето надвор од покраината, како што изјави тој за телевизијата ГДР, сега е пресудно.

Тој посочи дека има неколку места, вклучувајќи го и Берлин, каде има јасни индикации дека вирусот корона се враќа.

Посочи дека сега треба да се биде многу внимателен за да нема втор бран.

„Не сум оптимист дека по еден месец ќе имаме се уште вака мирна епидемиолошка ситуација“, рече Дростен.

Населението, вели тој, мора да разбере дека здравствените власти имаат потреба од поддршка и консензус.