Главниот шведски епидемиолог се покаја: Жал ми е, мислевме дека ќе го избегнеме ова, но не успеавме

од Aleksandar Petrovski
142 прегледи

Главниот епидемиолог од Шведска, Андерс Тегнел, рече дека длабоко жали заради неуспехот да ги заштити домовите за стари лица од коронавирус и големиот број смртни случаи.

„Веројатно мислевме дека нашето општество кое е раздвоено по возраст ќе ни овозможи да избегнеме ситуација како во Италија, каде често живеат различни генерации заедно, но тоа се покажа како неточно. Стапката на смртност на која сме сведоци во Шведска е ужасна и требаше да се избегне” истакна Тегнел.

Тој беше главен епидемиолог на шведската стратегија против вируси, која ја опиша како „класична“.
И покрај напорите, шведскиот здравствен систем успеа да се справи со пандемијата, смета 64-годишниот епидемиолог.

Шведска презеде поблаг пристап во борбата против вирусот за разлика од другите земји.

Жителите се повикуваат да избегнуваат патувања, да одржуваат социјална дистанца и да останат дома доколку се постари или имаат поблаги симптоми. Јавните собири се ограничени на 50 лица.

Забележани се околу 62.300 случаи на инфекција, а повеќе од 5.000 смртни случаи.