Во текот на изминатото деноноќие казнети се 643 лица за неносење маска, соопшти МВР.

Во истиот период на територијата на државата на 366 лица им се издадени решенија за изолација, а 125 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката.