Протестите и петициите вродија со плод: Отворена истрага за убиството на притворен Афроамериканец во Денвер (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
164 прегледи

Државното обвинителство во Колорадо нареди повторно отворање на истрагата за смртта на младиот Афроамериканец, Илаја Меклејн, додека беше во притвор во полицијата во Денвер, јави Би-Би-Си.

Истрагата е повторно покрената по јавниот протест и петицијата потпишана од повеќе од два милиони луѓе.

Гувернерот на Колорадо, Џаред Полис, оцени дека довербата во силите на редот „сега е исклучително важна, дури повеќе од кога било досега“.

Илаја Меклејн почина по полициска бруталност во притвор, а потоа и од инекцијата со кетамин, што исто така му била ставена во полицијата во Денвер, минатата година.

Неговиот случај повторно излезе на виделина по бруталното полициско убиство на Афроамериканецот Џорџ Флојд, минатиот месец во Минеаполис.

Убиството на Флојд предизвика бран демонстрации низ Америка и во светот против полициската бруталност и институционализираниот расизам.