Се шири заразата: Чаир, Аеродром и Гази Баба жаришта на ковид-19

од Берта Китинска
332 прегледи

Земјава се соочува со бран на вирусот посилен од првиот. Нови 135 случаи на заразени од КОВИД 19 регистрираше вчера Министерството за здравство. Здравствениот билтен евидентираше и шест починати лица и 75 оздравени пациенти.

Скопје и натаму предводи на црната листа на новоинфицирани од коронавирусот. Активни случаи по општини Скопје заклучно со завчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 416
• Аеродром – 141
• Бутел – 136
• Гази Баба – 151
• Центар – 123
• Карпош – 121
• Сарај – 138
• Кисела Вода – 109
• Ѓорче Петров – 88
• Студеничани – 94
• Шуто Оризари – 77
• Арачиново – 51
• Илинден – 32
• Петровец – 16
• Чучер Сандево – 17
• Сопиште – 12
• Зелениково-2
• Странец – 3
• Нераспределен-7

Слични содржини