Во Србија стапуваат на сила нови мерки: Задолжително носење маски на овие места

од Aleksandar Petrovski
152 прегледи

Од утре, во Белград задолжително е да носите маски во затворено, односно во автобуси, градски и меѓуградски превоз, кафулиња, трговски центри, како и физичко растојание од најмалку еден метар.

– Тие не мора да бидат хируршки маски, туку можат да бидат и памучни, кои сами си ги шиеме, каква било механичка заштита. Апелираме за употреба на други мерки за превенција, како физичко растојание од најмалку еден метар, како и редовно миење на рацете, додаде Кисиќ Тепавчевиќ по состанокот на српскиот Кризен штаб.

Таа рече дека тие мерки биле донесени заради зголемувањето на бројот на заразени лица во претходните денови.

Ќе бидат санкционирани лицата кои не носат заштитни маски во транспортот и во затворен простор.

За остатокот од територијата на Србија, важат препораките за носење заштитни мерки во транспортот и во затворен простор.