ФОТО: По три месеци пауза со летот за Бремен, стартува со работа меѓународниот аеродром во Скопје

од Берта Китинска
350 прегледи

Со летот на „ВизЕр“ за Бремен, Германија во 6 часот наутро, меѓународниот аеродром во Скопје и официјално ќе започне со работа по пауза од речиси три месеци. Летови ќе има и за  Ларнака, Стокхолм и Келн со истата компанија.

Според протоколот за работа, патниците на аеродромот треба да пристигнат три часа пред летот. На самиот влез ќе ги дезинфицираат рацете и мора да носат заштитна маска. На термална камера ќе се врши проверка дали имаат покачена телесна температура. Користењето на чекалните ќе се редуцира, а сомнителните патници ќе бидат спроведени  во соба за изолација. Во авионот нема да има ограничување на местата за седење, но патниците заштитната маска ќе мора да ја носат за време на целиот лет.

Од ТАВ  велат дека протоколот за работа е според светските стандарди и патниците  доколку го почитуваат мерките  целосно ќе бидат заштитени.

Секој од патниците кој што ќе биде сомнителен , министерот Венко Филипче рече дека ќе биде преземен од страна на екипите на Центарот за јавно здравје, а напомена дека во функција ќе биде и собата за изолација. Во аеродромските згради ќе можат да влегуваат само патниците. Семејствата и пријателите ќе мора да останат пред објектот.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини