Оставки и приведување во владата на Јанша

од Aleksandar Petrovski
205 прегледи

Поради кривичната истрага започната против словенечкиот министер за економија, Здравко Почивалшек, неотповикливите оставки дадоа во понеделникот директорот на словенечката полиција, но и министер за внатрешни работи Алеш Хојс, кој смета дека станува збор за политички мотивирана постапка, насочена кон соборување на владата на Јанез Јанша.

Дел од словенечките медиуми објави дека министерот за економија Здравко Почивалшек е приведен по извршениот претрес во неговиот дом од страна на полицијата, која бараше докази поради сомнеж за незаконски дејства при набавка на медицинска опрема, јави дописникот на од Љубљана.

Говорејќи на прес-конференција во Љубљана, Хојс рече дека поради „политички мотивирана“ истрага во која еден од коалиционите партнери на премиерот Јанша и вицепремиерот Здравко Почивалшек е осомничен за оштетување на јавните средства при набавка на респиратори за време на кризата со корона, на премиерот Јанез Јанша му ја поднесе својата неотповиклива оставка, која беше прифатена и дека ќе ги извршува своите должности до назначувањето на нов министер. Хојс потврди дека неотповикливата оставка ја дал и директорот на полицијата, Антон Травнер, кој бил на годишен одмор во моментот кога била покрената истрагата и претресот во куќата на министерот Почивалшек. Истрагата против Почивалшек ја води Националната канцеларија за истраги (НПУ), специјалното кривично одделение за сериозни случаи, а љубљанскиот неделник „Младина“ и некои портали блиски до опозицијата најавија започнување на постапки во петок.

Коментирајќи го случајот, како и претресот на куќата против Почивалшек и неговите соработници во министерството, Хојс рече дека презема политичка одговорност со својата оставка, но дека станува збор за политички мотивирани активности „во согласност со желбата да ги дискредитираат министрите и да предизвикаат распаѓање на коалицијата“.

Почивалшек е претседател на Партијата на современиот центар (СМК), една од четирите партии во владата на Јанша, а учествуваше и во претходната левичарска влада предводена од Марјан Шарец.

Меѓу доказите, пренесуваат медиумите, е и снимката на тајно снимениот телефонски разговор помеѓу Почивалшек и лицата задолжени за набавка на респиратори, од каде може да се заклучи дека министерот инсистирал да плати аванс од 8 милиони на „Гепланет“ пред да добие банкарска гаранција и да ја изврши работата за набавка на голем број на респиратори, и со тоа ја фаворизирал таа компанија.