132
Од страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 27326 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 444 прекршоци во изминатото деноноќие.
Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќи извршени се 99 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.
На територијата на целата држава на вкупно 197 лице им се издадени решенија за изолација, а 4 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што се евидентирани 2 лица кои не ги почитувале овие мерки.
МВР апелира сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.