Откриени 211 мигранти од кои 63 деца во Гевгелија, возачот приведен

од Берта Китинска
350 прегледи

Во атар на селото Стојакововчера во 23.40 часот полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи и миграција- Југ при Бирото за јавна безбедност забележале товарно возило „даф“ со скопски регистарски ознаки, кое се движело по земјен пат од село Стојаково кон регионалниот пат  Гевгелија – Богданци, информира МВР.

– Кога се вклучило на патот и се упатило кон Гевгелија, полициските службеници дале знак за запирање на возилото. При контрола, во возилото биле пронајдени 211 мигранти од Бангладеш и Пакистан. Од нив 144 се од Бангладеш, а 67 од Пакистан. Од вкупниот број на пронајдени мигранти 63 се малолетни лица. Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка, а возачот Е.П.(27) од Скопје биле приведен во Полициската станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – велат од МВР.

Слични содржини