Двајца мажи го загубија животот во пожарот што избувна утрово пред 9 часот во погонот на фабриката „Котекс Вискофан“ во индустриската зона Север во Нови Сад, пренесуваат српските медиуми.

Брзата помош интервенирала во 9.15 часот на адреса Приморска 92.
Маж, роден 1972 година и еден маж роден во 1958 година, ги загубија своите животи, додека уште едно машко лице родено во 1980 година, со амбулантно возило било пренесено во институтот во Сремска Каменица, поради оштетување на белите дробови, како резултат вдишување на чад.