Шахпаска: За три години, СДСМ не само што ја зголеми социјалната помош, воведе детски и образовен додаток

од Берта Китинска
114 прегледи

За три години покажавме вистинска грижа за граѓаните, додека ВМРО-ДПМНЕ покажаа грижа само за Груевски, истакна Јагода Шахпаска носителка во ИЕ 3.

„Наместо помош и поддршка на најранливите категории на граѓани, ВМРО-ДПМНЕ со години го држеше нивото на социјална помош на срамно ниско ниво и ја злоупотребуваше во партиски цели пред избори. За три години, СДСМ преку социјалната реформа не само што ја зголеми социјалната помош за 300 отсто, воведе детски и образовен додаток и го прошири опфатот на деца. Понудата за новиот четиригодишен мандат е уште повисока социјална помош за 34.000 домаќинства и детски додаток за 65.000 деца. За исто така три години, СДСМ го реши проблемот со стечајците кои ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираше. 12.000 стечајни работници денес добиваат по 8.000 денари месечно, а наскоро добиваат и домашна платежна картичка од 9.000 денари. За време на 11-те години на ВМРО-ДПМНЕ решен беше статусот на само околу 4.000 стечајци“, рече Шахпаска.

Додаде дека СДСМ го ветил и реализирал концептот парите назад кај граѓаните, а за тоа зборуваат и 28 милиони евра кои ги враќаат назад преку 324.000 граѓани преку домашната платежна картичка и ваучерот за туризам.

Покрај стечајците, вели Шахпаска, картичка со 9.000 денари ќе добијат и пензионерите со пензија до 15.000 денари, самохраните родители, како и невработените кои не се активни баратели на работа.

Спомена и дека се намалени нотарските и трошоците за извршители, а со отписот на камати на долгови за физички лица, избришани се 10 милиони евра долгови на граѓаните. Ги намаливме и казните до 75 отсто, а воведовме опомена пред казна, додаде Шахпаска.

Слични содржини