САД ги поддржуваат антивладините протести во Бугарија

од Nikola Popovski
196 прегледи

Амбасадата на САД во Софија во понеделникот ги поддржала протести во Бугарија, чии учесници излегоа на улиците веќе петти ден по ред, барајќи оставка на бугарскиот премиер Бојко Борисов, пишува сајтот „Политико“.

Бугарија е погодена од најголемите антивладини протести во последните седум години, во услови на зголемена криза во корупцијата, која ги изложи олигарсите кои наметнуваат контрола врз клучните државни системи, како што се судството и безбедносниот апарат. Главните цели на демонстрантите се Борисов и главниот обвинител Иван Гешев.

Односите меѓу САД и Бугарија се деликатни. Двете земји се сојузници во НАТО и САД имала заеднички воени вежби со бугарските сили, но Вашингтон е исто така загрижен за силните историски врски на Софија со Москва и нејзиното одложување да се откаже од снабдувањето со енергија од Русија.

Иако во изјавата на американската амбасада не се споменуваат конкретно барањата на демонстрантите за Борисов и Гешев да си дадат оставка, порталот наведува, скоро и да не се сомнева за што се залагаат САД

„Секој народ заслужува судски систем кој е непартиски и одговара пред владеењето на правото. Ние го поддржуваме бугарскиот народ, бидејќи вие мирно се залагате за поголема верба во вашиот демократски систем и го промовирате владеењето на правото во Бугарија. Никој не е над законот“, се вели во изјавата на американската амбасада.