Повеќе од 60 лица се повредени во судир меѓу патнички и товарен воз во близина на Прага.
Повредените биле пренесени во блиската болница, каде биле згрижени.

Според првите информации, патничкиот воз влетал во возот за поштенски услуги што стоел на станицата Чешки Брод, на 30 километри од Прага, пишуваат светските медиуми.
Поради несреќата, железничкиот сообраќај е во прекин на таа многу фреквентна линија.
Чешкиот министер за транспорт, Карел Хавличек, веднаш отиде на местото на несреќата.
Информацијата дека загинал еден од возачите на возот не е официјално потврдена.
Истрагата за причината за несреќата е во тек.