Наскоро можно затворање на Подгорица заради корона

од Aleksandar Petrovski

Доколку продолжи овој тренд на ширење коронавирус, денот не е далеку кога ќе треба да ја затвориме Подгорица и да се вратиме во режимот од пред неколку месеци, и мислам дека никој од нас не го сака тоа, предупреди денес градоначалникот на Подгорица и член на Националното координативно тело (НКТ) Иван Вуковиќ.

„До денес имаме 553 активни случаи на инфекција со коронавирус во Подгорица. Тоа е бројка која е застрашувачка, за која сите треба да размислиме, а тоа е број кој мора да биде аларм“, потенцираше Вуковиќ.

На денешната седница на Оперативниот тим за заштита и спасување на главниот град, со кој претседава Вуковиќ, беше констатирано загрижувачко зголемување на бројот на заразени, како и непочитување на мерките од страна на голем број граѓани, што влијаеше на зголемувањето на бројот на пациенти со коронавирус.

Како што се наведува, сите градски служби, како и досега, ќе дадат целосен придонес и правилно ќе ги спроведат сите мерки со зголемена контрола.

Вуковиќ апелираше дека почитувањето на мерките е обврска на сите, со цел да се потисне ширењето на коронавирусот, но и да се спречи воведување на рестриктивни мерки како затворање на Подгорица, ограничување на движењето и стопирање на економските активности.

Слични содржини