Короната немилосрдно коси се пред себе: Во Италија Ковид-19 е директна причина за смртта кај 89 отсто од заболените

од Aleksandar Petrovski
111 прегледи

Вирусот „ковид 19“ е директна причина за смрт кај околу 89 проценти од смртните случаи во Италија кои биле позитивни на вирусот, покажуваат податоците на италијанскиот Висок институт за здравство и Националниот институт за статистика (ИСТАТ).

Останатите смртни случаи се поврзани со кардиоваскуларни заболувања (4,6 проценти), тумори (2,4 проценти), респираторни заболувања (еден процент), дијабетес (0,6 проценти), деменција (0,6 проценти) и болести на дигестивниот систем. (0,5 проценти).

Во извештајот се наведува дека ковид-19 може да предизвика смрт дури и кај пациенти кои немаат други здравствени проблеми.

Во 28,2 проценти од случаите немало други здравствени проблеми, се вели во извештајот на Високиот институт за здравство и ИСТАТ.

Како што е наведено, 31,3 проценти од смртните случаи кои биле заразени со ковид-19 имале друг здравствен проблем, 26,8% имале два, а 13,7% имале три или повеќе.

Студијата вклучува 4.942 смртни случаи позитивни за ковид-19.

Во Италија од почетокот на кризата починаа 35.017 лица со ковид-19, поради што земјата е на петтото место по бројот на починати од тој вирус во светот, по САД, Бразил, Велика Британија и Мексико.