Десет починати и 392 заразени во последните 24 часа во Србија

од Aleksandar Petrovski
115 прегледи

Во последните 24 часа во Србија, од коронавирусот починаа уште 10 лица, додека заразени се 392 лица.

Бројот на лица на респиратори е зголемен на 184 пациенти.

Во последните 24 часа биле тестирани вкупно 9.910 лица.

Бројот на хоспитализирани лица е 4.716.

Српскиот министер за здравство Лончар рече дека „сигурно ќе има проблеми во Белград и Нови Сад за уште еден ден или два, заради протестите“, и дека најголеми проблеми има во овие два града.

Лончар исто така рече дека 629 здравствени работници се разболеле од ковид 19.

Денес стапија на сила нови мерки во Србија: забрана за собирање повеќе од десет лица, задолжително носење маска на сите јавни места, оддалеченост од најмалку 1,5 метри.

Воведена е вонредна состојба во Бујановац и Смедерево.