Во Грција 19 новозаразени лица кои дошле од странство

од Vladimir Zorba
174 прегледи

Во Грција во последните 24 часа се потврдени 19 нови случаи на коронавирус, кои биле откриени кај лица кои дошле од странство, соопшти Организацијата за јавно здравје.

Така, вкупниот број заразени лица во таа земја се зголеми на 3.983, од кои 54,7 проценти се мажи, јавува АНА.

Од вкупниот број заразени, 1.088 од нив се поврзани со патувања во странство.

Нема смртни случаи во последните 24 часа, па вкупниот број на смртни случаи останува 194.

Во моментов има 12 пациенти на интензивна нега.