Само една земја успеа да ја истреби короната: 11 милиони жители и 0 заразени, еве што направија!

од Aleksandar Petrovski
235 прегледи

За прв пат по 130 дена, во Куба денес не е регистриран ниту еден случај на коронавирус, а најголем дел од земјата влегува во последната фаза на постепено враќање во нормални активности, со задолжително носење маска и социјална дистанца.

Главниот епидемиолог на кубанското Министерство за јавно здравје, Франциско Дуран, ја симна маската денес само по втор пат од почетокот на епидемијата со цел да ја објави добрата вест.

Тој го стори тоа во саботата за прв пат кога домашен случај беше регистриран во Хавана.

– Јас секогаш ви велам да останете безбедни дома, но знам дека многумина денес ќе одат на плажа – рече Дуран со насмевка.
Неколку случаи се потврдени минатата недела, сите во Хавана додека остатокот од земјата е без инфекција повеќе од еден месец.

Куба, со население од 11,2 милиони жители, доби високи оценки за пристапот кон пандемијата.

Силен и бесплатен здравствен систем, потрага по носители на вируси од врата до врата, изолација на пациенти, сомнителни случаи и контакти овозможија на Куба да го задржи бројот на случаи на коронавирус под 2.500, со 87 смртни случаи.