За среќа, заложничката криза во Украина заврши добро вчера – полицијата ги ослободи сите заложници, а киднаперот се предаде. Сепак, тоа го стори дури откако претседателот на оваа држава јавно пофали еден филм.

Вооружен киднапер Максим Кривош (44) вчера ги задржа заробените патници на автобусот во градот Лутск на западниот дел на Украина.
Нападот врз автобусот започна со експлозија, а потоа заложниците го напуштија автобусот. Откако луѓето излегоа, безбедносните сили го обиколија автобусот и го зазедоа.
Непосредно пред сите да бидат ослободени, киднаперот ослободи три од нив: една постара жена, тинејџер и бремена жена, објави полицијата.
Сепак, тој ги ослободи патниците дури откако бил исполнет еден од неговите услови – на сред заложничка криза, тој разговарал по телефон со претседателот на Украина Володимир Зеленски и од него барал јавно да го пофали филмот „Earthlings“ од 2005 година во кој глуми Хоакин Феникс.
Според „Гардијан“, претседателот го исполнил ова барање и на Фејсбук објавил видео за овој филм, кој се занимава со третман на животни.
„Секој треба да го гледа филмот „Earthlings“ од 2005 година, навел Зеленски.
Ова видео потоа беше избришано од профилот на претседателот, а наместо тоа беше објавена изјава за благодарност до полицијата која успешно стави крај на заложничката криза.