Европа се соочува со нови жаришта на ковид-19, а според најновите податоци, земјите на југ и исток, како Шпанија, Романија, Босна и Херцеговина и Хрватска, се меѓу најтешко погодените од пандемијата на вируси, пренесуваат италијанските медиуми.

Според италијанскиот Sky Tg 24, во Шпанија се регистрирани 224 жаришта на вирус ковид-19, а бројот на заразени со вирусот од почетокот на кризата е над 314.000.
Шпанија ја укина вонредната состојба пред околу еден месец, но по втор пат стана жариште на ковид-19 во Европа.
Според последните податоци, за Босна и Херцеговина за 24 часа се пријавени 328 нови позитивни, со што вкупниот број на заразени лица до сега е 9.111.
Најновите дневни податоци покажуваат 1.030 нови случаи во Романија, што е рекорден број заразени во еден ден во таа земја од почетокот на пандемијата, и со 40.168 позитивни случаи досега, таа земја се наоѓа на првото место по бројот на заразени на Балканот, пренесува Sky Tg24.
Во Хрватска, бројот на претходно потврдени случаи на ковид-19 се зголеми од 108 нови случаи на 2430 за 24 часа, а од две нови жртви на 125 смртни случаи како резултат на вирусот.
Во Италија, претходно најтешко погодената европска земја со вирусот „ковид-19“ и поранешното жариште на вирусот на Стариот континент, регистрирани се 280 нови случаи на позитивни во последните 24 часа, со што се зголеми вкупниот број на пациенти на 245.032, од кои 12.322 активни случаи.