Изминатите десет дена две штипски конфекции направија приватен скрининг на своите вработени, со цел да се утврди колкав број од работниците се заразени со Ковид-19, а колкав е бројот на оние кои имаат негативни тестови и можат да продолжат со процесот на производство почитувајќи ги здравствените протоколи.

Според статистиката на штипскиот Центар за јавно здравје, денеска се регистрирани 18 позитивни случаи на Ковид-19. Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека можно е да пристигнат и други резултати од приватните лабаратории во текот на денот.

Според епидемиолошката анкета, и денеска заразените се од штипските конфекции, но и нивни контакти, деца, брачни другари, членови на семејства, како и пријатели.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска вели дека на Инфективното одделение се лекуваат 45 пациенти, од кои поголемиот дел се од градот, а остантите се од другите градови од источниот регион. Изутрината се испишани двајца пациенти и се испратени на домашно лекување.

Слични содржини