Вучиќ: Целиот свет скокна врз мене

од Nikola Popovski
340 прегледи

Кога зборував за демаркацијата на Србите и Албанците, мислам дека тоа беше многу рационален пристап, но целиот свет скокна врз мене, бидејќи тие не разбраа колку храброст е потребно да кажам нешто такво, рече српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој во интервјуто за порталот „Павловиќ тудеј“ со седиште во Вашингтон, коментирајќи ја неодамнешната изјава на Џон Болтон дека постои идеја за поделба на Косово, додал дека тој побарал една работа затоа што страдале премногу Срби.

„Ќе ве потсетам дека тогаш реков дека од Србија секогаш ќе биде побарано да прави отстапки во замена за ништо. Тогаш целиот свет скокна врз мене. Луѓето не разбраа колку храброст е потребно да кажам нешто такво. Денес разбирам зошто го направија тоа. Тие го сакаа тоа, Србија засекогаш да не добие ништо“, рекол Вучиќ.

Тој додал дека Балканот му припаѓа на балканците и дека треба да ги остават двете страни да разговараат, но никој не сакал да дозволи двете страни да разговараат и да постигнат договор.

На прашањето зошто претходната американска администрација и западните земји не мислат дека Србија треба да добие нешто за возврат, Вучиќ истакнал дека германските интереси отсекогаш биле поважни за Германија, англиските за Англија, а американските за Америка.

„Интересите на секој водач се поважни од интересите на Србите или Албанците. И кога им предложив на Албанците да се договориме, да седнеме, дека сите ќе го прифатат тоа за што ќе се договориме, следуваа најжестоките напади од целиот свет“, рече Вучиќ.

Како што вели, тој одеднаш станал диктатор и автократ.

„Јас понудив нешто што може да биде компромисно решение и никој не го сакаше. И додека денес воопшто не зборуваме за тоа, би сакал да видам како тие ќе дојдат до решение. Чекам да видам како мислат дека можат да дојдат до решение за одлуките што ќе предложи Србија, а што Србија ќе може да прифати. Јас досега не сум слушнал“, рече Вучиќ.