Шведскиот пристап во борбата против короната не успеа! 25 лекари и научници порачаа: Она што го направија не функционира

од Aleksandar Petrovski
196 прегледи

Шведскиот пристап кон борбата против ковид-19 не успеа. Фактот дека тие се надеваа дека стекнувањето имунитет на стадото ќе го запре вирусот, очигледно не функционира.

Ова е заклучокот на 25 шведски лекари и научници, чие мислење го пренесе „УС Тудеј“.

Се потсетува дека за време на пандемијата на коронавирус, Шведска го привлече вниманието на светот заради нејзиниот „мек“ пристап кон борбата против смртоносниот вирус – беа одбиени вонредни рестриктивни мерки и беа препорачани самоиницијативни ограничувања и употреба на маски.

Овој пристап беше оценет како либерален, а за време на американските протести беа видени натписите „Ајде да бидеме како Шведска“, иако беше јасно дека каде и да се применуваат поблаги мерки, стапката на смртност беше повисока.

Мотивите за одлуката на Шведската агенција за јавно здравје за примена на „мекиот“ пристап сè уште се делумно мистерија.

Некои други земји, кои првично ја користеа оваа стратегија, ја напуштија затоа што се зголеми бројот на починати, но Шведска остана верна на својот модел, а прашањето е – зошто?

За да се здобијат со колективен имунитет, треба да се зарази голем дел од населението, по можност помлади лица.

Сепак, ова не беше официјална цел на Шведската агенција за јавно здравје, но официјално беше соопштено јавно дека овој вид имунитет може да помогне во сузбивање на ширењето на болеста, така што сè укажува на тоа дека тоа е целта што Агенцијата сакаше да ја постигне.

Друг доказ како поддршка на ова е дека агенцијата инсистира на задолжително школување на деца од пониско одделение, дека веќе подолго време ја минимизира важноста на тестирањето и дека одбила да ја признае важноста на асимптоматското ширење на вирусот.

Оваа јавна здравствена установа сè уште не препорачува да се носат маски во јавноста, и покрај сите докази за нивната ефикасност.

Некои организации, како што е Светската здравствена организација, го осудија имунитетот на стадото како стратегија, а извршниот директор на здравствената програма на СЗО, д-р Мајк Рајан, во мај рече дека овој пристап може да предизвика брутална аритметика и да доведе до заклучок дека не се придава значење на човечките животи или човечките страдања.

Без разлика дали имунитетот на стадото е цел или несакан ефект на шведската стратегија, фактите и постигнатите резултати остануваат многу лоши.

Според Агенцијата, се проценува дека помалку од 10 отсто од Швеѓаните имаат антитела на вирусот корона, така што идејата за имунитет на стадо не успеа.

Бројот на починати е поголем во Шведска отколку во Соединетите држави: на 20 јули имало 556 смртни случаи по милиони жители, а 425 во САД.

Во оваа земја, починаа четири пати повеќе луѓе отколку во сите други нордиски земји заедно, а веќе неколку недели Шведска е меѓу водечките земји во светот кога станува збор за стапката на смртност.

И покрај сето ова, стратегијата, официјално државна, останува де факто иста.

Можно е Агенцијата за јавно здравје навистина да верува дека нејзиниот пристап е најсоодветен и одржлив, како и дека во другите земји, кои воведоа строги рестриктивни мерки и изолација, ќе се случи полошо сценарио, па сериозни ограничувања беа напуштени.

Можеби неподготвеноста да се признае грешката и да се преземе одговорност за илјадници смртни случаи е главната причина зошто постои отпор кон фундаменталните промени.

„Во Шведска, оваа стратегија доведе до смрт, страдање и тага и пред сè – нема индикации дека националната економија помина подобро отколку во другите земји. Во моментов, на остатокот од светот му дадовме само пример како да не се бори против смртоносна заразна болест. Се надеваме дека наскоро ќе биде откриена вакцината, а дотогаш ќе се држите и не ја применувајте шведската стратегија “, порачаа шведските научници.