Раководителката на кабинетот на премиерот Бојко Борисов, Деница Желева има позитивен тест на КОВИД-19. Премиерот на Бугарија е ставен во карантин.
Деница Желева имала позитивен тест вчера попладне, соопшти владината прес-служба. Таа исто така направила и втор тест.

Утрово беше тестиран премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, како и членовите на неговиот тим.
Според протоколот на Софискиот регионален здравствен инспекторат, сите лица кои биле во контакт биле тестирани и во карантин утрово сè додека не бидат објавени резултатите од тестовите.
Тестирани се и сите членови на делегацијата што беше со Борисов во Брисел за учество на самитот на шефовите на држави и влади на Европската унија.
Во понеделникот, 20 јули, владината прес-служба објави дека се утврдени два случаи на вработени инфицирани со КОВИД-19 од администрацијата на министрите, што доведе до тоа зградата да биде затворена на 21-ви јули за целосна дезинфекција. Следниот ден владината средба се одржа преку видео конференција. Само Борисов и Кирил Ананиев, сè уште министер за здравство тој ден, беа заедно.