Д-р Кон: Наредните три недели ќе бидат клучни!

од Aleksandar Petrovski
145 прегледи

Епидемиологот Предраг Кон изјави денеска дека намалувањето на бројот на заразени со коронавирус во Србија директно зависи од дисциплината, и предупреди дека е многу важно да се спроведат мерки за да не се врати Србија во целосно нестабилна ситуација.

Д-р Кон рече дека пропишаните мерки мора да се спроведат, а контролата е неопходна затоа што, иако ситуацијата се стабилизира, таа е далеку од добра.

– Луѓето едвај чекаат да се забавуваат, ве молиме да се воздржите. Имаше ситуации кога на Калемегдан се собраа млади луѓе, групи поголеми од десет. Ги молам родителите да влијаат на нивните деца. Важно е бројките да бидат пониски – рече Кон.

Тој додаде дека е лично задоволен што Министерството за образование подготвува програма за септември.

– Мислам дека е соодветно, но многу е важно секој да има свој дел од одговорноста во оваа ситуација – рече Кон.

Кон исто така рече дека е тешко да се дадат долгорочни предвидувања.

– Можеме да даваме прогнози за една недела. Во следните три седмици, ќе имаме надолна крива. После тоа доаѓа периодот кога ќе се одржува на тоа ниво, ќе видиме дали ќе се угаси. И со доаѓањето на есен и зима, очекувањето е повторно да се јави – рече Кон.