Загреб синоќа бил погоден од силно невреме со пороен дожд, засилен ветер и грмежи.
Порталот „Индекс.хр“ објави видео во кое бил извлечен човекот од возило што се заглавило под подвозникот на улицата Мирамарска.
Читателот кој го испратил видеото напишал дека цело време бил со возилото додека пожарникарите не го извадиле човекот, за да му помогне, доколку возилото почнело да тоне пред да пристигнат пожарникарите.
Пожарникарите во Загреб синоќа примија илјадници повици за помош. Многу делови од градот биле поплавени, а автомобилите останале заглавени во водата.