Синоќа околу 20 часот, Загреб беше погоден од силно невреме, проследено со грмежи и засилен ветер.

Силен дожд го зафатил главниот хрватски град, а во некои делови паѓало и град.
Порталот Индекс.хр ги пренесува зборовите на читателите дека на некои места градот имал големина на лешник, а на некои места паднале гранки, што го отежнал сообраќајот.
Поројниот дожд, велат тие, повторно ги поплавиле улиците и подрумите.