Италија беше епицентарот на пандемијата на вирусот корона во Европа, но островот Изола дел Џиљо пријави само еден случај.
Мештаните на овој мал италијански остров се чини дека се имуни на Ковид-19, пренесува Еуроњус.

Се чинеше дека ќе има катастрофа на островот Изола дел Џиљо, затоа што 800 локални жители живеат близу едни до други.
– Имавме неколку лица кои беа тестирани позитивно на вирусот корона, кои беа заразени и дојдоа на островот. Мислам дека имало најмалку пет лица, но никој од нив не се заразил на островот – рече сопственикот на бар, Емануел Банкала.
Како што рече, еден од нив 15 дена доаѓал кај него на појадок, се разболел и поминал карантин таму, но тој никогаш не заразил никого.
– Никој од нас не беше заразен – рече сопственикот на барот.
Од 800 жители на островот, 723 биле тестирани во рамките на студијата. Само еден од тестираните бил позитивен, другите биле негативни.
Како е можно ова? Постојат различни објаснувања.
– Првата хипотеза е дека немало доволно вируси кои доаѓале на островот, така што луѓето биле изложени на мал број на вируси – објасни Паола Мути, професор по епидемиологија на Универзитетот во Милано.
Втората хипотеза, според неа, е дека подвидовите на вирусот немале доволно моќ да се шират во околината.
– Третата хипотеза е дека постоел потенцијален вкрстен имунитет, така што луѓето се заштитени од инфекција – посочи професорката.
Најновата хипотеза, рече таа, е дека популацијата на островот, делумно одвоена многу години, развила рецептори за вируси кои се помалку активни.
Засега нема конкретен заклучок, а на жителите на островот им се советува да останат внимателни.