Исповед на „нулта пациент“: 31 ден бил на респиратор, останал без прсти заради корона (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
252 прегледи

Грег Гарфилд од Америка се заразил со коронавирусот кога заминал на скијање со своите пријатели во Италија во февруари. Тој бил хоспитализиран при враќањето дома и беше „нулта пациент“ во Калифорнија.

По само 48 часа, состојбата започнала да му се влошува и тој бил ставен на респиратор, а лекарите му дале шанса да преживее од еден процент.

Коронавирусот во неговото тело предизвикал цитокинска бура и низа проблеми, од сепса, преку откажување на бубрезите и црниот дроб, белодробна емболија и инфекција со опасната бактерија МРСА.

Поминал 64 дена во болницата, од кои 31 ден на респиратор. На почетокот на мај, на изненадување на лекарот, тој започнал да се опоравува.

Останал без прсти на рацете и вели дека тоа е резултат на практично суспендирање на циркулацијата во неговото тело, што се случило во еден момент.

– Ковид-19 влијае на кардиоваскуларниот систем, па затоа влијаеше на циркулацијата кај Грег. Поради тоа влијание, младите луѓе кои се заразени, исто така, можат да доживеат мозочен удар – објаснува хирургот на Грег, д-р Дејвид Кулбер.

Сепак, тој ја напушти болницата со сметка од два милиони долари, што во голема мерка беше покриено со неговото осигурување.

 

 

Слични содржини