Одмазда заради Аја Софија: Грците ги укинаа турските серии

од Aleksandar Petrovski
194 прегледи

Грчката телевизија АНТ1 престана да емитува турски серии на својата програма во текот на летото, како одговор на одлуката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да ја претвори Аја Софија во џамија. Главниот и одговорен уредник Јоргос Пофантис рече дека одлуката е донесена и дека наскоро ќе биде претставена новата програма, пренесува Телеграф.

Тој објасни дека имало размислувања да продолжат да се емитуваат турски серии во текот на летото, но по „она што се случи со Аја Софија“, донесена е одлука за забрана на серијата.

за потсетување Ердоган потпиша декрет на 10 јули да ја претвори Аја Софија во џамија, откако Државниот совет ја поништи одлуката донесена во 1934 година со која Аја Софија беше претворена во музеј и ја прогласи за нелегална.

Минатата недела во ова место на богослужба се одржа првата молитва, а фреските и сите христијански симболи беа покриени со завеси.

По одлуката на Ердоган, грчката православна црква веднаш побара од УНЕСКО да ја осуди Турција, а во писмото што го испратија, меѓу другото, се наведува дека со претворање на Аја Софија во џамија, овој споменик на светското наследство повторно се претворил во симбол на освојување.

Слични содржини