Светски познат инфектолог објасни зошто ракавиците воопшто не ве штитат од коронавирус

од Aleksandar Petrovski
166 прегледи

Носењето ракавици нема да нè заштити од коронавирусот, бидејќи тие даваат лажно чувство на безбедност, предупредуваат експертите.
Д-р Алисон Бартлет, специјалист за заразни болести на Универзитетот во Чикаго, рече дека ракавиците не се ништо друго освен лажно чувство за безбедност.

Иако СЗО предупредува дека редовното миење на рацете е најдобриот начин да се запре ширењето на вирусот, многу луѓе исто така започнале да носат ракавици покрај маските, верувајќи дека тоа ќе го намали ризикот од пренесување.

Сепак, д-р Бартлет смета дека тоа е бесмислено, бидејќи вирусот може да преживее на ракавиците, ако со нив допрете контаминирани површини.
Таа додаде дека носењето ракавици обезбедува „лажно чувство на сигурност“ дека рацете се заштитени, а дека „тоа воопшто не е случај“.

– Можеби се чувствувате заштитени бидејќи вашата кожа не ја допира површината. Но, веднаш штом ќе ја допрете маската или лицето со раката, тоа е загадување или со ракавици или без нив – истакна таа.

Д-р Бартлет вели дека посебно опасно е симнивањето на ракавиците затоа што додека симнувате една ракавица од едната рака, другата слободна рака лесно може да ја допре другата ракавица при симнувањето..

Од друга страна, таа посочува дека широката употреба на ракавици од страна на пошироката јавност може да доведе до прекумерна потрошувачка на потрошен материјал за лекарите.

Лекарите, од друга страна, ги знаат процедурите за правилно отстранување на ракавиците, така што тие не ги контаминираат рацете, и ги мијат рацете правилно пред и откако ќе ги носат и носат само еден комплет по пациент.

И СЗО и многу Центри за контрола и превенција на болести предупредуваат дека ракавиците „не штитат нужно од коронавирусот и може да доведат до ширење на вирусот“.

Слични содржини