Од вкупниот број активни 4.117. случаи во државава, во Штип има 441.
Вчера од Центар за јавно здравје-Штип информираа дека вирусот влезе во уште една штипска конфекција.
Оттаму велат дека вчера бил регистриран еден случај во новата фабрика.
Директорката на Центар за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова, изјави дека, според нивните анализи, од почетокот на пандемијата, вирусот е регистриран во вкупно 19 конфекции во градот.
Текстилните компании се главни жаришта на инфекциите, но вирусот сега се шири меѓу блиските на вработените, а не само во фабриките. Останува препораката конфекциите да се затворат и вработените да одат на одмор каде има регистрирано повеќе позитивни случаи, но засега нема најава за нов масовен скрининг.
Вкупниот број ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата достигна 10.617, на оздравени пациенти е 6.020, а на починати е 480. Нови 119 нови случаи на КОВИД-19 од 1.325 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминатите 24 часа. Починаа четири лица од Скопје и Гостивар. Регистрирани се 89 оздравени пациенти.