Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, денеска соопшти дека претставниците на двете страни ќе се сретнат на 2-ри септември во Белата куќа.
„Среќни сме да објавиме дека лидерите на Косово и Србија ќе се состанат во Белата куќа на преговори на 2-ри септември“, напиша Гренел на својот Твитер профил.
Разговорот закажан за Белата куќа, кој требаше да се одржи на 27 јули, беше откажан од косовска страна, а откако Специјалното обвинителство во Хаг поднесе обвинение против Хашим Тачи и Кадри Весели за воени злосторства.
We are happy to announce that the leaders of Kosovo and Serbia will meet at the White House for a negotiation on September 2. @realDonaldTrump @robertcobrien @WHNSC
— Richard Grenell (@RichardGrenell) August 14, 2020