135
Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 162 нови случаи на коронавирус, а две лица починале, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.
1.062 случаи се активни. Меѓу пациентите, има 106 пациенти на болничко лекување, од кои 10 се на респиратор.
Од почетокот на епидемијата, во Хрватска се регистрирани 6.420 случаи на коронавирус, а починале 165 лица.
До денес, тестирани се вкупно 136.280 лица, од кои 1.538 во последните 24 часа.