Сервер за состанокот во Белата куќа меѓу Србија и Косово: Можен договор околу Трепча и езерото Газивода

од Nikola Popovski
267 прегледи

Професорот на Универзитетот во Вашингтон „Џон Хопкинс“, Даниел Сервер, не ја исклучува можноста за потпишување на некои договори во Вашингтон.

Властите во Белград и Приштина ќе се состанат во Вашингтон на 4 септември.

Во изјавата за српскиот портал „Данас“, Сервер вели дека не очекува никаков договор за поголеми, политички прашања поврзани со нормализирање на односите меѓу двете страни, но дека е можен некаков договор околу Трепча и езерото Газивода.

„Исто така, можен е договор за специјални економски зони долж границата помеѓу Косово и Србија. Се сомневам дека ќе има договор за големи политички прашања поврзани со нормализирање на односите, бидејќи се чини дека Белград не е подготвен да го признае Косово како независно и суверено, а Приштина не може да прифати ништо помалку од тоа“, рече Сервер.

Слични содржини