Ужасна трагедија во БиХ: Откако одлежала во затвор за убиството на сопругот, ќерка ја убила мајка си со секира

од Nikola Popovski
261 прегледи

Рамза Караџиќ (62) од Козлук, БиХ, која била уапсена под сомнение дека со секира ја убила својата мајка Намка Кокиќ (83), веќе била осудувана за убиството на нејзиниот сопруг Рамадан Караџиќ (52), кого го претепала на 30 јуни 2009 година, со 41 удар со тврд предмет по главата.

Окружниот суд во Бијелина ја осудил Рамза на пет години затвор за кривичното дело. По ослободувањето од затвор, таа живеела во домот со нејзината мајка Намка. Инспекторите велат дека на новото ужасно злосторство му претходела расправија помеѓу мајката и ќерката.

„Имало расправија меѓу двете, по што Рамза ја зграпчила секира и ја убила нејзината мајка со неколку удари. Сè уште не се знае за што се расправале, а повеќе детали ќе бидат познати по нејзиното испрашување“, се наведува во извештајот на полициското одделение во Зворник.

Рамза го убила и сопругот откако се расправале во куќата на нејзиниот брат Фадил Кокиќ. Таа го усмртила со удари со тврд предмет по главата, додека Рамадан лежел на креветот во дневната соба.