Српскиот претседател: Многу објекти во земјата можат да го носат името „Александар Вучиќ“

од Nikola Popovski
167 прегледи

Претседателот Александар Вучиќ изјавил дека не е засегнат од предлозите новиот национален стадион да го носи неговото име. Ваквите барања, како што вели, всушност иронично, треба да укажуваат дека таков стадион не е потребен.

Иницијативата „Да не го затрупуваме Белград“ неодамна оценила дека најавата за изградба на национален стадион најдобро го отсликува карактерот на расипничката влада и посочила дека поради „бесмислената“ инвестиција, спортскиот објект да го носи името на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Коментирајќи го предлогот, Вучиќ рекол дека „според тие што предложуваат такво нешто, ништо не би можело да се нарече ништо, освен катанци и ланци во уништените фабрики во Србија“.

„Тие нè мачеа околу сите проекти во Србија, и овој пат, велеа никогаш нема да изградите ништо. Велеа дека Ибарската магистрала дека ќе остане иста во наредните сто години, па еве таа е изградена. Автопатот „Милош Велики“ не го доби името Александар Вучиќ, така што ќе најдеме подобро име од Александар Вушиќ“, изјавил претседателот на Србија.

Тој вели дека ако погледнете што се е изградено, „многу работи можат да го носат името на Александар Вучиќ“.

„Ако сакавме, многу работи можевме да ги наречени Александар Вучиќ, од фабрики, скоро сите што се изградени во Србија во последните 10 години. По нивните имиња не знам што би се нарекло, да бидам искрен. Освен онаа депонија на вода што ја оставија во Белград и уништените фабрики. Значи, нема ништо против нивните иницијативи, тоа ме прави среќен“, рекол Вучиќ по средбата со претставниците на Република Српска во Белград.

Слични содржини