Вучиќ: Очекувам изненадување во Вашингтон, една точка е проблематична

од Nikola Popovski
180 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјавил дека очекува изненадување на состанокот меѓу Белград и Приштина во Вашингтон следната недела.

„Суштината е во тоа што Авдулах Хоти и албанските власти велат дека одат во САД за признавање на Косово. Имаше и неофицијални изјави од лидерите во регионот дека ќе треба да потпишам сè што ќе биде ставено на дневен ред во Вашингтон. Со внимание го слушав тоа. Очекувам изненадување, не се двоумам да го кажам тоа, а ако треба ќе ѝ се извинам на американската администрација ако тоа не се случи “, рекол Вучиќ, како гостин во утринската емисија на телевизијата Пинк.

Вучиќ изјави дека ја видел агендата за состанокот во Вашингтон и дека само една точка е проблематична, но дека неговото искуство му кажува дека тоа нема да застане тука.

„За жал, мојот политички нос често чувствува различни видови и можни изненадувања, стапици и сè друго“, додал Вучиќ.

Претседателот на Србија изјавил дека единствената тема на меѓународната заедница, кога станува збор за Косово и Метохија, без разлика какви се агендите, е признавањето на Косово, јавуваат српските медиуми.

Тој додал дека „ние во минатото ја плаќаме цената за катастрофалните политички потези поврзани со Косово“.

Во врска со наводите дека американскиот претседател би можел да присуствува на разговорите во Вашингтон и можноста за средба со него, Вучиќ рекол дека нема да дојде до средба со Доналд Трамп, ако е во право дека може да се најдат изненадувања на дневниот ред што се неприфатливи за нив.

Слични содржини