Почина турска адвокатка обвинета за тероризам, после 238 денови штрајк со глад

од Nikola Popovski
157 прегледи

После 238 денови штрајк со глад во Истнабул, починала турската адвокатка која барала „праведен процес“ откако била осудена за тероризам.

„Ебру Тимтик од нашата правна фирма почина“, напишале колегите на Твитер. Таа имала 42 години.

Минатата година, таа била осудена на повеќе од 13 години затвор за „членство на терористичка организација“. Во февруари, барајќи нов процес, таа започнала штрајк со глад.

Ебру Тимтик пиела само засладена вода, билни чаеви и витамини, а во моментот на нејзината смрт тежела само околу 30 килограми “, велат од нејзиното семејство.

Полицијата растерала стотина пријатели и поддржувачи на Тимтик кои сакале да дојдат до нејзиното тело во болницата. Европската Унија соопшти дека смртта на Тимтик ги нагласува недостатоците на турскиот правосуден систем.

 

Тимтик била членка на Здружението на современи адвокати, левичарска група обвинета дека е поврзана со забранетата крајнолевичарска марксистичка организација ДХКП-Ц, која презеде одговорност за неколку смртоносни напади во Турција, вклучувајќи го самубиствениот бомбашки напад на американската амбасада во Анкара во 2013.

Слични содржини